Home » Во фокусот » Македонците најмногу „лајкуваат“ слики, а светот видеа

Македонците најмногу „лајкуваат“ слики, а светот видеа

Вчера на Маркетинг365 објавивме дека според истражувањето на Kepios, Hootsuite и We Are Social за состојбата на глобалниот дигитален пазар во 2018 година, Република Македонија има околу 1,58 милиони интернет корисници (76% од населнието), при што 1,40 милиони жители, или 67% од популацијата, се активни во користењето на интернет преку некој мобилен уред.

Денес ќе се осврнеме малку на социјалните медиуми. Имено, околу 1,10 милиони жители во Македонија, или 53% од населението, се активни корисници на социјалните медиуми, при што 970,000 жители, односно 47%, користат социјални медиуми преку своите мобилни уреди.

Далеку најпопуларна онлајн платформа за социјална интеракција меѓу граѓаните на Република Македонија е Фејсбук, со 1,10 милиони активни корисници месечно, од кои 88% го користат и преку мобилен уред. Меѓу македонските Фејсбук корисници доминираат мажите со 57%.

Статистиката покажува дека македонските граѓани сакаат повеќе да „лајкуваат“ во споредба со „глобалниот корисник“, односно Македонците просечно „лајкуваат“ 4.38% од вкупниот број на постови на Фејсбук страници кои им се појавуваат на екран, додека пак тој процент на глобално ниво изнесува 3.91%.

„Најлајкуваниот“ тип на содржини од македонските граѓани се сликите со 4.45%, по што следуваат видеата со 4.06%, линковите со 3.55%, а најмалку се „лајкуваат“ статусите – 2.37%.

За разлика од навиките на македонските граѓани, на глобално ниво корисниците најмногу „лајкуваат“ видеа – 6.01%, по што следуваат сликите со 4.81%, па линковите со 3.36% и на крај повторно се наоѓаат статусите со 2.21%.

Второто место како најкористен социјален медиум меѓу македонските граѓани му припаѓа на Инстаграм, кој има дупло помал број на активни корисници месечно од Фејсбук – 540,000, или 26% од вкупната популација на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365