Во текот на вчерашниот ден официјално беше промовиран почетокот на фукнционирањето на првата македонска агенција за спортски маркетинг, менаџмент и консалтинг – “КМГ Спорт“.
Прв клиент на агенцијата е најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров заедно со ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“
“КМГ Спорт е агенција за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент. Наша прва цел е добра организација на кампот “Кире Лазаров 7“, бидејќи сите ја знаеме тежината на името Кире Лазаров, кое само по себе поставува високи стандарди, а кои ние ќе се обидеме да ги достигнеме. Од 22 до 28 јуни, во охридскиот хотел “Аквалина“, ќе бидат овозможени највисоки услови за да се реализира замисленото, а децата ќе можат да добијат совети од човекот кој има огромно искуство и кој има што да им каже“, рече Г-дин Горан Ѓоргоноски, првиот човек на агенцијата КМГ Спорт.