Home » Во фокусот » Македонија ќе се рекламира на Гугл за 514 илјади евра

Македонија ќе се рекламира на Гугл за 514 илјади евра

Македонија ќе се промовира преку клучни зборови на најголемиот интернет пребарувач – Гугл. За промоцијата, генералниот секретаријат на Владата склучи договор со фирмата Google Hrvatska doo, Google Croatia Ltd.

За рекламирањето на интернет пребарувачот државата ќе инвестира околу 514 илјади евра (31.614.800 ден). Договорот со хрватската компанија е склучен на почетокот на годинава односно во јануари, а сега е објавен на интернет страната на Бирото за јавни набавки.

google-seo

На почетокот на годината, министерот за финансии Зоран Ставрески, најави дека македонскиот туризам ќе биде презентиран на интернет пребарувачот Гугл, со цел да се претстават убавините на Македонија и на таков начин да се привлечат туристи.

Туризмот е една од клучните гранки, бидејќи се работи за извозна дејност, носи девизен прилив и е важна за Македонија. Вложуваме доста и во делот на креирање понуда за туристи, меѓутоа и во делот на рекламирање и презентирање на земјата пред странските туристи. Во тие рамки Гугл е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и во рамки на останатите активности е и промоцијата на Македонија преку Гугл, истакна Ставрески. Тој потенцираше и дека очекува на ваков начин многу поголем број луѓе ќе дојдат до сознанија за Македонија и голем дел од нив да дојдат и да ја посетат.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за Канал 5 вели дека принципот ќе биде фаворизирање на клучни зборови кои ќе ја исфрлаат Македонија меѓу првите резултати од пребарувањето

Работна група заедно со министерот Иво Ивановски  утврдила листа на клучни термини која веќе е испратена до хрватското преставништво на Гугл.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365