Со големо задоволство би сакале да ве известиме за уште еден голем успех на продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм. На штотуку завршениот Берлински Филмски Фестивал, романската копродукција „Малмкрог“ на Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција “Encounters”.
Во селекцијата се натпреваруваа 15 филмски остварувања и тричленото жири додели три награди, а една од нив му припатна на Кристи Пују. Кристи Пују е несомнено еден од најзначајните европски автори и да се биде дел од ваква една копродукција е успех и за македонската кинематографија. Агенцијата за филм и овој пат го препозна исклучителното сценарио и секогаш интересниот визуелен пристап на овој автор и овозможи Македонија да биде дел од овој проект и повторно да се приклучиме на врвните филмски текови. На премиерата во Берлин на 21 Феб присуствуваше и Министерот за култура Хусни Исмаили.
Филмот беше најавуван во официјалното соопштение од Берлиналето како „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“. Толку смел во авторскиот пристап, што граничи со експерментален филм, всушност “Малмкрог” е три и пол часовен мастер клас по режија.
Филмот е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија.