Home » Во фокусот » Македонската Пи Ворлд со настан и во Њујорк

Македонската Пи Ворлд со настан и во Њујорк

Македонската креативна агенција Пи Ворлд, овој јуни (8-9) , во просториите на престижниот магазин Vogue во Њујорк, ќе го одржи својот прв интернационален настан во САД.

Global PR Summit New York вклучува презентации од над 20 интернационални експерти за односи со јавност и друштвени медии од светски познати компании како Unilever Hair Care, Visit Britain, Sony Music, Nielsen, Lego, Prudential Financial и  Schneider Electric.

Ова е историски настан за нашата компанија и уште една потврда дека и компании од Македонија имаат што да понудат на глобалниот пазар. Иако до сега имаме организирано  настани во 30 земји на четири различни континенти, настанот во Њу Јорк го сметаме како најголемо достигнување на нашата компанија”, вели Коста Петров, извршен директор на Пи Ворлд.

Интересно за настанот е и тоа што,  Global PR Summit New York е единствениот настан за односи со јавност во САД, подржан од сите регионални и интернационали асоцијации за односи со јавноста.

За оние што не можат да присуствуваат на Global PR Summit New York, регионалното издание на настанот – Global PR Summit Belgrade, ќе се одржи од 1-2 Јуни во хотелот Метропол Палас во Белград и вклучува презентации на глобални експерти од Weber Shandwick, Microsoft, Huawei,  Unilever, P&G, Rolls Royce Motor Cars и SAP.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365