Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија.
Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство во комуникациите, работејќи и во приватниот и во граѓанскиот сектор.
Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Северна Македонија.