Home » Во фокусот » Македонскиот ПР пазар е околу 2 милиони евра

Македонскиот ПР пазар е околу 2 милиони евра

PR macedonia

Македонскиот ПР пазар се проценува на околу 2 милиони евра ако се земат во предвид финансиските резултати на македонските ПР агенции остварени во 2015 година.

Анализирајќи ги приходите од завршните биланси на 9-те најголеми агенции чија кор дејност се ПР услуги (по азбучен ред: Апра Портер Новели, Априори, Why Not Комуникации, Елемент ПР, Идеа Лаб, Имиџ ПР, Навигаторс, Ханибиз и Чептер 4) се доаѓа до бројката од 95,087,130 денари или околу 1,546,132 евра приходи остварени во 2015 година.

Вкупните расходи на погоре набројаните 9 ПР агенции во 2015 година, според нивните завршни биланси, изнесувале 75,124,457 денари или 1,221,535 евра.

На оваа бројка од милион и пол евра приходи секако треба да се додадат и приходите кои по основ на ПР услуги ги остваруваат останатите full service агенции (во прв ред Меккен Скопје, Публицис Скопје, Њу Момент Њу Идеас Компани и Маркет Визија) но од чии биланси е невозможно да се оддели делот кој отпаѓа на ПР (бидејќи нивните приходи се прикажани како вкупен износ од сите наплатени услуги меѓу кои и подготовка на креативи, продукција, медиа планирање & закуп, дигитал итн)….со што по наша слободна проценка се доаѓа до вкупен македонски ПР пазар од околу 2 милиони евра.

Чисто за споредба, во 2014 година, приходите на овие 9 погоре споменати агенции заедно изнесувале 1,737,080 евра што е за околу 200.000 евра повеќе во споредба со 2015 година.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365