На овогодинешниот Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF), TRIDENT PEAK – стартап од програмата на Сеавус Акцелераторот се пласираше во #8те најдобри стартапи од целиот свет.
Тридент Пеак е меѓу избраните стартапи кои ќе почнат со преговори за идни инвестиции со глобалните инвеститори присутни на Форумот.
Привилегија да бидат дел од овoj светски настан годинава имаат и осум стартапи од последната генерација на СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР меѓу кои ЕnRoute, SiMaind , Challenger, Разговор.мк , Trident Peak, Go Easy, Nsight solutions, Swift Data. Тие заедно со 60 стартапи од целиот свет имаа можност да ги презентираат своите бизниси пред многубројните светски инвеститори и бизнис ангели.
Како и секоја година, така и годинава, форумот обедини на едно место стартапи бизнис ангели, менаџери на фондови и берзи, корпорации со цел размена на искуства и можности за соработка и инвестиции.
Со учеството на вакви глобални настани Сеавус Акцелераторот не само што успева да презентира дел од македонските стратапите пред светската јавност, туку го позицинира македонскиот стратап еко систем како сериозен извор на идни успешни претприемачи со потенцијал за глобална експанзија и Македонија како земја во чии стратапи треба да се инвестира.
Сеавус Акцелераторот е проект поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, во партнерство со Европскиот Фонд за Југоисточна Еврота (EFSE), #SwissEP и Startup Wise Guys Accelerator – водечкиот B2B стaрт-ап акцелератор во Европа.