Home » Digital » Максимална казна за Фејсбук поради скандалот со Кембриџ Аналитика

Максимална казна за Фејсбук поради скандалот со Кембриџ Аналитика

Треба да се напомене дека се работи за казна, која е донесена според старите правила пред влегувањето во сила GDPR и изнесува 500 илјади фунти.

Британското регулаторно тело кое го истражуваше скандалот ја казни американската компанија Фејсбук со 500.000 фунти (663.000 долари) поради лошата заштита на податоцитеи скандалот со Кембриџ Аналитика. Ова е максималната казна што може да се наплати заради кршење на законите за приватност на податоците на Обединетото Кралство. Треба да се напомене дека се работи за казна, која е донесена според старите правила пред влегувањето во сила GDPR.

Фејсбук е казнет заради прекршување на законите за заштита на податоците, бидејќи не ја спречи Кембриџ Аналитика да дојде до информации од профилите на корисниците на оваа социјална мрежа.

Потврдувајќи ја одлуката донесена во јули, Канцеларијата на комесарот објави дека податоците од најмалку еден милион британски корисници се меѓу податоците собрани од Кембриџ Аналитика и дека тие биле користени за политички цели.

Овој скандал ја загрози репутацијата на Фејсбук, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот на САД за корисничките податоци кои компанијата ги стави на располагање на трети страни.

Фејсбук претходно објави дека британската компанија Кембриџ Аналитика, компанија која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања 2016 година, дошла до личните податоци на 87 милиони корисници.

Базата на податоци за корисниците со Фејсбук, како и алгоритмот кој е направен, се моќна политичка алатка која е во состојба да ги предвиди преференциите на гласачите, но, исто така, и да влијание врз нив, особено на оние кои се неопределени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365