Компанијата за прехрамбени производи Dr. Oetker објави нова реклама за канадскиот пазар, со која ги промовира готовите пици од брендот “Giuseppe Pizzeria”.
Се работи за анимирана реклама во која малиот Џузепе ги води гледачите на кулинарска авантура, при која ги претставува своите кулинарски способности, голема страст и посветеност на добрите состојки и добрата пица.
Забавната реклама би му се допаднала на целото семејство, од деца до возрасни, предизвикувајќи ги да ги пробаат вкусните готови пици на Dr. Oetker.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Giants & Gentlemen од Торонто и продукциската куќа Skin & Bones Film Company.