Home » Во фокусот » Мала едноставна техника која ќе ја подобри вашата креативност

Мала едноставна техника која ќе ја подобри вашата креативност

Едeн од клучевите за иновации е и креативноста. Организации трошат доста  време гледајќи како да се промовираат и како да ги поттикнат и двата аспекти  и во и надвор од канцеларијата.

Тоа не е ни чудо знаејќи го фактот дека педесет и осум проценти (од испитаниците во студијата на Adobe и Forrester) изјавиле дека фирмите кои поттикнуваат креативност имаат раст на приходите за 10% од година во година во 2013 година.  Само 20% од ‘’помалку’’ креативните компании доживеале сличен раст.

Izvor> http://blog.entrepreneurthearts.com/

И додека вие може да потрошите голема сума на средства на семинари и обуки за да ја поттикнете креативноста во компанијата, важен двигател на истата е поголемата вклученост во опсервирањето на светот околу вас, истакнува Brian Mattimore, ко-основач на The Growth Engine, агенција за иновации, како и автор на книгата ‘’ 21 ден го голема идеја: креирање на пробив низ бизнис концепти.’’

Mattimore тврди дека испитувањето на историјата на пронаоѓачите и методите кои тие ги користат за да дојдат до идеи открива дека “95% од времето тие се соочувале со предизвик кој го имале во својата глава, она што им го давало решението биле нештатат кои ги гледале во  надворешниот свет околу себе. ” Mattimore како еден од примерите го зема примерот на Eli Withney која својата инспирација за креирањето на машината за издвојување на памукот од неговото семе ја добила од набљудувањето на мачка која низ ограда се обидувала да дофати пиле, што како пример го користи и во својата книга.

НАБЉУДУВАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО
Поврзаноста на свесното набљудување со креативност, исто така, е документирано во една студија објавена во списанието Personality and Social Psychology. Истражувачите откриле дека луѓето кои имале силна вештини  за набљудување и кои ја забележувале подобро својата околината се покреативни.

Тоа е и пораката која Shayna Kulik, основач на Pulp Studio- студио за прогнозирање на трендови и дизајн на шеми се обидува да ја пренесе и рашири пошироко. Таа смета дека кога луѓето за миг ќе се исклучат од технологијата подобро ќе започнат да ја цената својата околина, да истражуваат повеќе и да создаваат. Таа споделува дека кога таа практикува свесно набљудување, таа  пронаоѓа решенија за своите креативни предизвица, дури и капките од пареа на завесата во бањата ја иснпирирале да креира некој дизајн. Таа, исто така има и своја посебна просторија во која размислува.

Доколку излезете надвор од својата дневна рутина, што за повеќето од нас е да се биде на социјалните медиуми, или пред својот лаптоп или телефон и да излезете со молив, пенкало, или било која друга алатка која  ви се допаѓа и само да почнете да барате околу”,”нешто што се обидувате да решите за некој дел од вашиот живот може да се реши со помош на вашиот креативен мозок.”

Нејзината нова книга, ‘’Pattern Studio: A Creative Workbook for Sketching Unique Repeats’’ е работна тетратка која прикажува дел од работата на 50 професионални дизајнери на шеми. Како што истакнува и самата авторка, книгата има за цел да ги поттикне читателите да започнат да гледаат најразлични шеми и скици во своето окружување и имаат за цел да ве инспирираат да креирате и свои скици.

ВЕЖБАЈТЕ СВЕСНО НАБЉУДУВАЊЕ
Не треба да сте само уметник за да ги согледате придобивките од набљудувањето на модели и предмети околу вас. Tatsuya Nakagawa, ко-основач и потпретседател за маркетинг и стратегии во Castagra Products, Inc, вели дека доколку тоа што е свесен за својата околина му помага да дојде до иновативни решенија за своите клиенти.

Во развојот на нови апликации на лепило за покриви кое е производ на компанијата, тимот опсервирал различни предизвици поврзани со крововите: начинот на кој покривите се деградираат, тешкотиите за наоѓање на лепила кои се лепат на подлогата, итн, имајќи го во предвид производот и неговата апликација во тие предизвици. Тимот произлегол со решение за нов производ чија нова апликација го продолжува животот на кровот и заштедува 2/3 од трошоците за менување на нов кров.

‘’Ова е вид на набљудување кој води до откритија, но тоа е исто така e нешто што треба да се практикувa редовно, доколку сакате да бидете добар во тоа’’, вели Nakagawa.

ЗАПОЧНЕТЕ БАВНО

Доколку  сакате да се подобрите во секојдневниот процес на свесно набљудување, започнете полека.Доколку се обидувате да набљудувате сè тоа може да биде и оптоварувачки.

Mattimore ги дава следните препораки:

  • Ограничете се себе си. Доколку штотуку сте започнале да правите хипер опсервација на сè околу вас, вие наскоро ќе се чувствувате преоптоварени, со што не би имале корист од набљудувањето. Во текот на денот издвоете неколку минути вистински да ја забележувате вашата околина. Фокусирајте се на области каде што сакате да се направат подобрувања.
  • Барајте нови стимули. Променете го вашиот пат до работа. Започнете да читате публикации од други индустрии. Изложете се на нови концепти и околини.
  • Документирајте ги своите идеи. Користете зборови или пак скици, опсервирајќи ја својата околина ќе имате преглед на решенијата на своите проблеми. Запишувајте ги сите во дневник за идеи.
  • Запрашајте се себе си: “Што друго?” Погледнете ја на технологијата, апликациите и различните  алатки и запрашајте се прашуваат како други нешта би можеле да се прилагодат на концептот. Набљудувањето може да доведе до сознанија за тоа како да се применуваат ресурсите поефикасно или како да се применуваат ресурсите на нови начини.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365