Поранешниот градоначалник на Њујорк Мајлк Блумберг сеуште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателскит избори, но сепак во петокот започна онлајн рекламна кампања против американскиот претседател Доналд Трамп за која ќе издвои 100 милиони долари, пренесува агенцијата Ројтерс.
Американскиот милијардер го потврди на Твитер започнувањето на кампањата, претходно спомената од Њујорк Тајмс.
„Ќе се бориме директно против Трамп“, напиша Блумберг.
Онлајн рекламите ќе се однесуваат на критиките на сметка на Трамп и првенствено се наменети кон државите Аризона, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, кои се клучни, затоа што граѓаните во тие земји се најмногу неопределени.
Блумберг (77), кој во последниве денови навести дека може да се кандидира на претседателските избори на страната на демократите, неодамна изјави дека наскоро ќе донесе конечна одлука.