Низ сцените достојни на холивудските блокбастери, Heineken повикува ја споделиме драмата на UEFA Лигата на шампиони
Со помош на агенцијата Publicis Италија и режисерот Fredrik Bond, Heineken направи серија на драматични реклами во рамките на својата #SharetheDrama кампања.
Во рекламите, возбудата на натпреварите е улистрирана со филмски ситуации достојни на холивудските блокбастери, во кои најважната споредна работа на светот е претставена преку три посебни филмски жанрови.
Првата реклама е “The Chase“, во која имаме потера по улиците на градот и злобни гангстери кои ја чекаат својата жртва. Во главната улога е холандскиот напаѓач Руд ван Нистелрој.
Доколку акционите филмови не ви се допаѓаат, тука е и „The Last Duel“ за љубителите на историските драми. Двајца мажи ги бројат чекорите подготвувајќи се за последниот дуел, а еден од нив е полскиот голман Јиржи Дудек.
Третото видео е „The Wall“, и донесува научна фантастика налик на филмот Ghost in the Shell, а во главната улога е фудбалската ѕвезда Роналдињо.
Оваа серија на реклами е резултат на спонзорството на Heineken на UEFA Лигата на шампиони, а рекламите испраќаат порака до гледачите да ја „Споделат драмата“, односно целат и на оние кои не се големи љубители на фудбалот.