Ланецот на маркети Lidl ја објави својата нова Божиќна реклама насловена “Lidl Bear”, во која едно мало плишано мече (т.е. “Little Bear”) неочекувано се издигнува меѓу светскиот џет-сет.
Рекламата започнува во типичен семеен дом. Таткото, при перење, по грешка го смалува својот Божиќен џемпер брендиран со логото на Lidl, по што неговата ќерка добива генијална идеја да го стави малиот џемпер на нејзиното омилено плишано мече.
Потоа, при пазарење во некој супермаркет на Lidl, мечето станува вистински хит – луѓето почнуваат да го фотографираат и да го објавуваат на социјалните мрежи. Мечето постепено станува заштитно лице на Lidl, пишува мемоари, снима Божиќен џингл и ужива во придобивките на славата – која малку го „удира во глава“.
Во меѓувреме, девојчето само копнее по своето мече да се врати дома. Евентуално, мечето веќе не може да издржи под притисокот на славата, ги слуша нејзините повици и одлучува да се врати кај својата сакана сопственичка и заедно со семејството да го прослави Божиќ.
„Во суштина, овогодинешната Божиќна кампања на Lidl е предупредувачка приказна раскажана низ очите на плишаното мече на едно мало девојче, поттикнувајќи нé да се држиме цврсто за работите кои навистина ни се важни – да бидеме со луѓето што ги сакаме и да споделуваме вкусна храна со голема вредност. Накратко, Божиќ во кој навистина можете да верувате“ – истакнува Ник Стуџински, главен креативен директор на агенцијата Accenture Song со чија помош е создадена кампањата.
Покрај креативните и продукциски задачи остварени од Accenture Song, кампањата се спроведува и со помош на медиската агенција OMD, агенцијата за односи со јавноста The Roman и агенцијата за дигитален маркетинг We Are Social.