Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед се навраќа на богатата музичка историја на својот град, лансирајќи модна колекција инспирирана од поп-рок бендот The Stone Roses.
Парчињата облека се навраќат на амбиентот во градот Манчестер во 90-те години од минатиот век, комбинирајќи симболи на клубот со ликовни елементи од омотот на првиот албум на бендот. Посебно место е доделено на песната “This is the One”, која со текот на времето има добиено статус на неофицијална химна на навивачите на тимот.
„Музиката на Stone Roses е саундтракот за навивачите кои се сеќаваат на познатата класа од ’92 година. Оваа колекција го слави прекрасниот спој на фудбалот и музичката култура претставувани и од тимот и од бендот“ – вели Иниго Тарнер, дизајнерски директор во брендот за спортска опрема Adidas, кои стојат позади проектот.
Со цел промоција на колекцијата е објавен и краток филм, насловен „Розите се црвени“, во кој играчи, легенди и фанови на клубо зборуваат за значењето кое песната “This is the One” го има за нив.