Англискиот фудбалер и играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе се најде на насловната страница за новото издание на магазинот TIME посветено на „Следните 100 највлијателни луѓе во светот“.
Покрај своите фудбалски вештини, младиот напаѓач го привлече вниманието на јавноста со своите филантропски напори во борбата против бездомништвото и детскиот глад. Рашфорд ја притисна британската влада да продолжи да дистрибура бесплатни школски оброци за децата од социјално загрозени семејство дури и за време на пандемијата која значително ја влоши ситуацијата за сиромашните.
Маркус напиша отворено писмо до членовите на британскиот парламент со кое ги повика да ги поддржат ранливите семејства за време на кризата, што се покажа како успешен потег. Благодарение на неговата кампања, три милиони оброци се дистрибуираат на ранливите семејства низ Обединетото Кралство секоја недела.
Тој објасни дека коколку пандемијата се случела за време на неговото детство, и тој веројатно ќе се најдел во слична ситуација со потреба за помош. „Тука не се работи за политика, туку за хуманизам“, истакна тогаш Рашфорд, додавајќи дека сите мора да се согласиме дека ниту едно дете не смее да заспие гладно.
Насловната фотографија од Рашфорд која ќе се најде на насловната на TIME е направена од страна на фотографот Н’вака Окпараеке. Како што истакнува Рашфорд, фотографијата била направена во неговата дневна соба само со помош на обичен iPhone.
Новото издание на магазинот TIME, посветено на „Следните 100 највлијателни луѓе во светот“, треба да излезе во продажба на 1 март.
View this post on Instagram