Пред десетина дена информиравме дека од кормилото на МекКен Загреб си замина Ивица Видовиќ кој после 20-тина години работа во агенцијата си замина во пензија.На негово место, како наследник на водечката позиција е поставен Марио Фрацуљ кој е дел од МекКен Загреб од јули минатата година.
Марио се приклучи на тимот на МекКен Загреб доаѓајќи од позицијата маркетинг директор во Краш, најголемата регионална кондиторска компанија.
Освем 12-годишното искуство на водечки поцизии во маркетинг одделот на Краш, Г-дин Фрацуљ е и магистер по организација и менаџмент на загребскиот факултет за економија и бизнис.
Како член на организацискиот одбор, модератор и прв претседател на жирито, Марио имаше активна улога во донесувањето на Effie натпреварувањето во Хрватска а и самиот е добитник на една златна и три сребрени Effie награди, кои се сметаат како едни од најценетите признанија во маркетинг светот.