Универзал МекКен е една од најголемите и најуспешни медиски агенции во Хрватска, во сопственост на глобалната агенциска мрежа IPG Mediabrands со канцеларии по целиот свет. UM е основана во 1999 г. во склоп на МекКен Загреб. една од првите меѓународни агенции во Хрватска и меѓу првите во целата средноисточна Европа.
Во своите 24 години на постоење, МекКен Загреб има освоено бројни награди и признанија на релевантни домашни и странски фестивали на огласување а работејќи за повеќе од 300 клиенти од разни индустрии има остварено преку 400 милони евра приходи.
Почнувајќи од 1 Јули 2014 година, после 20 години посветена работа одбележана со бројни успеси од агенцијата заминува Ванеса Присекер а на позицијата вршител на должноста Managing Director доаѓа Марио Ловриќ, досегашниот акаунт директор на агенцијата.
Марио се приклучи на тимот на UM во 2012 година, а неговите претходни работни места вклучуваат и позиции на менаџер за продажба на хрватскиот пазар за Fox International Channels и заменик медиа директор во агенцијата Unex MPG.
Во својата изјава по повод новата функција, Ловриќ изјави: “Имав голема чест блиску да соработувам со Ванеса, која со својата упорност и несебичен труд од UM направи респектабилна медиска агенција, и исто така ми покажа на кој начин квалитетно треба да се негува односот со клиентите. Се одлучив да го прифатам новиот предизивк за да ја продолжам успешната приказна и да ја оправдам довербата која ми е доделена“