McCann Worldgroup го унапреди досегашниот извршен директор на McCann Worldgroup UK г-дин Марк Лунд, за нов Претседател на McCann Worldgroup Europe & UK на местото на Пабло Волкер.
Лунд сега ќе биде одговорен за мрежата агенции присутни во преку 45 земји ширум Европа кои нудат широк опсег на услуги и вклучуваат адвертајзинг, односи со јавност, дизајн, менаџирање на односи, потрошувачки маркетинг, дигитален маркетинг и др.
Европската McCann Worldgroup мрежа неодамна беше прогласена на Адвертајзинг мрежа на годината во изборот на магазинот Campaign.
Крис Макдоналд, глобалниот Претседател на McCann Worldgroup по повод оваа промена изјави: “Марк докажа дека може да изгради системски модел на интергрирани маркетинг комуникации во Обединетото Кралство што обезбедува нашите клиенти да растат заедно со нивниот бренд. Тој е способен да гради исклучителни партнерства помеѓу нашите агенции и клиенти, што е една од главните причини зошто McCann Worldgroup е широко препознаена како една од најефикасните агенции во Европа што создаваат најефикасни проекти за своите клиенти”