HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, етаблирана домашна компанија со бизнис операции во земјава и странство, објавува оглас за вработување на Маркетинг директор.
Главни активности и одговорности:
- Го менаџира маркетинг тимот на компанијата. Проактивно делува и се грижи за целокупниот перформанс на маркетинг одделот.
- Одговорен/на за креирање, развивање и евалуирање на маркетинг стратегијата на компанијата по земји како и за пласирање на производите на интернационален пазар
- Планира, организира и координира истражувања на пазарот на кој што сакаме да бидеме присутни за да биде во тек со трендовите и маркетинг движења/активности на конкурентите и дава предлог активности за позиционирање на брендот на тој пазар,
- Планира, следи и контролира буџет за реализација на маркетинг стратегијата/планот по земји и оддели во согласност со организациските цели,
- Истражува, идентификува и квалификува нови лидови од потенцијални нови и постоечки клиенти и на тој начин ја поддржува продажбата,
- Учествува и одговорен е за развој на стратегија за градење на свест за брендот и позиционирање,
- Одговорен/на за продуцирање на вредни содржини за онлине присуство на компанијата, дизајн и публикации,
- Одговорен/на за организација на конференции и останати настани на компанијата,
- Во тек е со најновите добри практики од областа на маркетингот и ги применува во работата на компанијата,
Компанијата нуди:
- Можност за личен и професионален развој со динамична работа на интересни проекти.
- Флексибилно работно време и можност за работа од дома.
- Плата помеѓу 1.000 – 2.000 еур. + Бонус според перформансите
- Останати бенефиции согласно договор.
Заинтересираните кандидати да ги испратат своите CV-а на cv@headhunting.mk најдоцна до 02.06.2023 год. со маил subject: Апликација за Маркетинг директор – име и презиме
HeadHunting.mk е ексклузивен партнер во регрутација за оваа позиција.