Marketing Kingdom, најголемиот регионален маркетиншки настан, по три години во Загреб, во 2015та ќе се одржи од 5ти до 6ти март во Белград, Србија.
Четвртото изданиена овој престижен настан вклучува презентации од некои од најголемите светски маркетиншки експерти, меѓу кои е и Едуард Кастело од You Tube, што всушност претставува прво појавување воошто на оваа компанија на некој маркетиншки настан во регионот.
Дводневниот глобален спектакал исто така вклучува и интерактивни презентации на глобални маркетиншки директори од светските супербрендови BBC, Coca-Cola, Pepsico, Huffington Post, Shell, PwC, Philips и Henkel.
Marketing Kingdom Belgrade е во организација на македонската компанија Пи Ворлд.
Настанот за првпат е одржан во Белград во октомври 2011-та година. За само четири години, преку 6,000 маркетиншки експерти го имаат посетено настанот во Србија, Албанија, Азербејџан, Грузија и Казакхстан а следната недела настанот се одржува и во Катар.
Повеќе информации за настанот и билетите, посетете ја официјалната веб страница на Пи Ворлд: http://www.thepworld.com/pevents/event/89/marketing-kingdom-belgrade