Маркетинг менаџерите заедно со софтверски програмери и медицински сестри, ќе бидат најбарани професии во 2015 година во САД, се наведува во студијата на истражувачката компанија CareerBuilder, врз основа на понудата на пазарот на трудот.
Листата од 10 занимања, за кои се отвораат повеќе работни места отколку што има работна сила и за кои работодавачите се спремни да платат многу, ја предводат маркетинг менаџерите, кои воедно имаат највисока просечна годишна плата од 119.000 долари.
На втора и трета позиција се софтверски програмери и медицински сестри со плата од 93 илјади долари годишно.
Меѓу најдефицитарни занимања се и индустриски инеженери (81.000 долари), системски и мрежни администратори (74.000 долари) и веб програмери (58.000 долари).
Здравствените менаџери, кои се на седмо место по дефицитарност, ќе имаат годишна заработка од 90 илјади долари, следат психотерапевти со плата од 80 илјади долари годишно.
Деветтата и десеттата позиција ја заземаат детски говорни терапевти со годишна плата од 70.000 долари и менаџери на продажба со 106 илјади долари годишна плата.
Извор: Макфакс