Во Тренинг центарот Камник на 13.06.2015, три групи на идните вински советници ги презентираа своите маркетинг планови пред стручно маркетинг жири. Се бираше најдобра винска приказна, лого, дизајн на вински етикети, маркетинг-план и слоган за три виртуелни винарници.
Оваа семинарска работилница е дел од пошироката комплексна обука за Вински советник која трае два месеци, обука која се одржува од минатата година а низ која досега поминаа веќе две генерации кандидати.
Жирито го сочинуваа: Наташа Дукоска – извршен директор на маркетинг агенцијата Навигаторс, Јадранка Накова – маркетинг менаџер во Стоби и Трајко Џиков- копирајтер во маркетинг агенцијата Футура 2/2.
Жирито едногласно одлучи дека приказната на втората група има најкреативен маркетинг-настап на пазарот, а членовите на тимот беа наградени со ексклузивното пенливо вино Prosecco Fantinel.
Инаку, обуката Вински советник е одобрена и верифицирана од страна на Министерството за образование и наука на РМ како дел од програмата Едукација за возрасни.