Маркетинг тимот на Скопје Мериот Хотел се впиша на листата за најуспешните за 2016 година во рамите на меѓународната престижна манифестација на Мериот Интернационал – ELITE Awards во категоријата „Маркетинг тим на годината”.
Во конкуренција од 500 хотели на Мериот Интернационал од Европа, нашите Хрипсиме Ховакимјан Кузеска, маркетинг менаџер во Скопје Мериот Хотел и Пјотр Ленчевски, директор за продажба и маркетинг, ја добија првата награда на интернационалниот настан. Македонскиот тим сочинет од овие двајца професионалци успеа да се истакне со своите перформанси во доменот на маркетинг активностите, и по само една година од работењето на македонскиот пазар да доминира на глобално ниво на сите континенти каде Мериот Интернационале присутен со свои капацитети.
Она што е интересно и вредно да се спомене е податокот дека маркетинг тимот на Скопје Мериот Хотел благодарение на своето меѓународно искуство и примена на практиките и знаењата на Мериот Интернационал успеваат хотелот да го позиционираат на пиедесталот во хотелиерската индустрија, препознатлив по својата врвна услуга и кориснички пристап.
„Ми претставува особена чест и задоволство што годинава, со само една година посветено работење на македонскиот пазар, успеавме да се закитиме со ова престижно признание на глобално ниво. Дополнително, ова претставува мотив плус за нас на нашите клиенти да продолжиме да им ја обезедуваме очекуваната премиум услуга преку сите точки и канали за комуникација”, – изјави Хрипсиме Ховакимјан Кузеска при примањето на наградата.
Ова престижно признание е дел од ELITE Awards, настан што се одржува еднаш годишно во организација на Мериот Интернационал, а чија цел е да се препознаат најдобрите лидери и тимови во продажба, менаџмент на приходи, маркетинг и еТрговија на глобално ниво, за сите свои брендови и пазари каде што делува.
Зборот ELITE е всушност кратенка од зборовите Извонредност (Excellence), Лидерство (Leadership), Инспирација (Inspiration), Тимска работа (Teamwork) и изведба (Execution).
Критериумите за избор на победникот во секоја од категориите се базирани на квалитативни и квантитативни индикатори, а вклучуваат лидерски вештини, натпросечни резултати од работењето и приходи, супериорна корисничка услуга и инволвираност во заедницата.
Евалуацијата ја прави специјално формиран комитет составен од сениор менаџмент од сите континенти, кој од сите доставени номинации ги селектира победничките тимови и лидери.
Скопје Мериот Хотел е специјализиран за посети кои долго остануваат во сеќавањата на посетителите. Ситуиран во срцето на градскиот Плоштад во Скопје, Скопје Мериот Хотел им посакува добредојде на своите гости со интуитивна, пријателска услуга и ентериер дизајниран со вкус. Скопје Мериот Хотел располага со 164 соби за сместување согласно сечии потреби за комфорт и ексклузивност, а за искуство што се памети, хотелот располага со извонредни содржини како ресторан, опремен Спа и фитнес центар со модерна сала за вежбање и внатрешен базен. Исто така, Скопје Мериот Хотел е одлична опција и за бизнисите и прославите од секаков вид, со повеќе видови на капацитети согласно потребите на секој одделен настан или клиент.