Маркетинг365 го освои второто место во категоријата “Најдобар бизнис информативен сајт“ во Македонија во рамки на изборот “Сајт на Годината“ на свечената манифестација која се оддржа синоќа во фоајето на МОБ во Скопје.
Организатори на манифестацијата се агенцијата Media Solutions и системот за online реклами keep an eye, под покровителство на Претседателот на Р.М., г-дин Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.
Место на победничкиот подиум во оваа категорија изборија и годинешниот лауреат Vrabotuvanje.com.mk и порталот Faktor.mk.
Ова признание за нас претставува единствено обврска да продолжиме со уште посилно темпо да бидеме редовен пријател на нашата читателска публика, пред се, маркетинг, медиа и ПР професионалците и да им обезбедуваме релевантни информации за професијата и индустријата.
Би сакал да им се заблагодарам на сите интернет посетители кои гласаа за Маркетинг365 и на членовите на жири комисијата на манифестацијата.
Ова е награда за нашите читатели и за сите наши деловни партнери кои не поддржуваат и стимулираат од ден за ден да бидеме се поквалитетни.
Продолжуваме уште по-посветени во мисијата на поврзување на луѓето и “мислата“ во медиа-маркетинг индустријата.
Треба да частиме :)