Марс, гигантот на FMCG индустријата, креираше свој интерен инкубатор за развој на брендови, по успешното тестирање на нови маркетинг идеи
Компанијата Марс реши да создаде интерен инкубатор, познат како New Venture Studio, за да обезбеди дека ќе остане релевантна и иновативна компанија во начинот на создавање и лансирање брендови.
„Се работи за интерен инкубатор кој гарантира дека сме агилни на начинот на кој лансираме брендови или нови иницијативи и дека тоа не се прави на стариот начин. Користиме пристап за тестирање и учење во сè“, вели Ана Кузовлева, раководител на одделот на дигитални брендови и иновации за Марс.
Лансирањето на овој инкубатор доаѓа по успехот на Платформата за иновации Launchpad на оваа компанија, основана во 2017 година, која им овозможува на сите менаџери на брендовите во рамките на Марс Групацијата да достават студии на случај за тестирање и проценка.
Во изминатите две години, Launchpad доведе до 46 пилот шеми со стартап компании низ целиот свет. Десет пилот-проекти доведоа до резултати што можат да се прошират понатаму.
„Ова значи дека тестираме, учиме и нашето враќање на инвестицијата е позитивно, што значи дека ние всушност можеме да го прошириме тоа на различни брендови и пазари“, им рече Кузовлева пред публиката на конференцијата Digital Food and Beverage 2020.
„Иако тоа не мора нужно да значи позитивна рентабилност за секој бренд што го користи ова знаење, сепак тоа значи дека тоа е функционална програма и ние сме подготвени да потрошиме поголеми буџети откако ќе заврши процесот на тестирање и учење“.
Наодите од секој Launchpad проект се споделуваат низ целата компанија и се достапни за студирање на персоналот преку интернет. До денес, повеќе од 1500 вработени во Марс се вклучени во процесот на развивање и се стекнати 250 партнери.
Компанијата вели дека проектот генерирал повеќе од 150 милјарди долари во процесот на тестирање и учење.
Марс, исто така, се здружи со трговците, вклучувајќи ги Волмарт и Карфур, на проекти што истражуваат случаи на „дарување“ и „забава во малопродажбата“. Прашања како што се прецизно препознавање на клиентите, предвидување на идните трендови и прогнозирање на проблемите со залихите беа меѓу предизвиците што требаше да се решат.
Launchpad предложи партнерство со Spotify за следење на расположението на потрошувачите преку видовите музика што се емитуваат во различни периоди од денот. Брендот, исто така, го следеше користењето на „гладни“ емотикони онлајн и во разговорите на Фејсбук, за да сервираат реклами врз основа на она што потрошувачите пишувале во пораките до своите пријатели.
„Тоа сè уште не е докажан пилот проект, но се работи за проект што може да се модифицира, што значи дека ќе го прилагодиме и повторно ќе го тестираме на друг пазар“, рече Кузовлева.
Брендовите за миленичиња на оваа компанија ги таргетираат сопствениците на миленичиња со тоа што дознаваат повеќе за нив и начинот на кој живеат.
Во Мексико беше спроведен проект за анализа на податоци кој ја фокусираше компанијата на кампања со купони, која користи игри за да започне со тестирање на брендови за храна за домашни миленици. Мексико е пазар каде повеќето сопственици на миленичиња ги хранат своите животни со остатоци од храна. Рекламите преку игри му помогнаа на Марс подобро да ги разбере и насочува клиентите. Всушност, колку повеќе мобилни игри играл сопственикот на миленичиња, толку повеќе купони добивал.
Кампањата за брендот Malteasers во Австралија користеше техника, слична на играта Pokemon Go, која бараше од клиентите да „бркаат“ виртуелни чоколадни зајаци низ целата земја. Кога ќе ги пронајдоа, потрошувачите биле наградени.
“Дел од целта на Launchpad е да се осигура дека Марс не само што работи на големи медиумски кампањи со големи агенции, туку разбира и како може да генерира порелевантни содржини за потрошувачите и да пронајде нови начини за нивно достигнување и тоа во поголеми размери и со повеќе насочени достигнувања“, додава Кузовлева.
За 2020 година, Марс подготви уште 50 пилот-шеми за тестирање преку Launchpad.