Здружението BEA (Branding Experts Association) го организира доаѓањето на најголемиот светски бренд експерт, соработникот на Филип Котлер, Мартин Линдстром.
Симпозиумот ќе се одржи во сабота, 12 мај, со почеток во 11 часот во Opera & House Madlenianum во Белград со 500 избрани делегати.
Мартин Линдстром е автор на седум светски бестселери во областа на брендирањето, меѓу првите 30 најмоќни луѓе на листата на Форбс, а исто така е почитуван од страна на клиентите и брендовите како експерт кој со својот специфичен талент ги претвара проблемите во добивка. Консултант е во компанијата LEGO од својата дванаесетта година, a Microsoft, Uniliver, Toshiba, Disney и American Express, се само неколку брендови на кои оставил белег и со своето знаење го трансформирал нивното работење.
“Знаење кое можеш да го користиш” е слоганот на првиот ARK Регионален Бренд Симпозиум.
На овој интерактивен настан, делегатите низ четири динамични блок предавања ќе ги води лично Мартин Линдстром, преку единствен процес кој со години го усовршувал и успешно го применувал во пракса. Делегатите ќе имаат ексклузивното право да го учат тој процес, се разговараат лично со Мартин и да добијат совети за тоа како да го унапредат своето работење.
Во своите истражувања, Мартин Линдстром посветува посебно внимание на однесувањето и навиките на луѓето. Во својата книга “Small data” тој ги открива своите забелешки и како подобро да го разбереме однесувањето на околината.
Сите детални информации за самото пријавување и настанот, се достапни на сајтот на ARK Branding Symposium (https://arksymposium.com/), како и на сајтот на Мартин Линдстром (https://www.martinlindstrom.com/travel-map/).