Американската медиска франшиза Marvel конечно се приклучи на глобалниот тренд и ги лансираше своите први официјални NFT дигитални колекционерски предмети.
Marvel се здружи со платформата за е-трговија VeVe за да лансира серија на пет различни дигитални фигурини на Спајдермен, по цена од 40 до 400 долари. Очекувано, дигиталните фигурини беа продадени за само еден ден, при што најевтината варијанта беше достапна во 32.000 примероци, а најскапата во 1.000 примероци.
Среќните купувачи на тродимензионалните дигитални фигурини ќе можат да ги разгледуваат од различни агли и да ги изложуваат во виртуелни изложбени сали.
Подоцна во месецот, Marvel за продажба како NFT ќе постави и пет различни верзии на насловната страна на првиот број на стрипот „Marvel Comics #1“, објавен во 1939 година. Заинтересираните ќе можат да ги купат по цена од 6.99 долари, во форма на „слепа кутија“, односно нема да знаат која верзија на насловната страница ќе им се падне кога ќе ја отворат „кутијата“.
Понатаму е планирана слична серија на „слепи кутии“ поврзани со херојот Капетан Америка, како други дигитални фигурини на карактери од светот на Marvel.