Британскиот ланец на спортски обложувалници и казина Ladbrokes лансираше нова кампања во која ја истакнува непрокосновената страст на нивните клиенти.
Централниот спот на кампањата отпочнува со досадна канцелариска сцена, која набргу се претвора во масовна адреналинска бркотница низ градските улици – сé со цел да не се дозволи еден црвен балон да падне на земја.
Всушност, поракате е дека клиентите на Ladbrokes се толку посветени, што за нив сé може да се претвори во игра и жестоко натпреварување. Кога балонот евентуално ќе пукне, луѓето наоѓаат нова игра – шутирање на смачкана лименка. Едноставно, сé може да биде игра.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Neverland и продукциската куќа Rogue, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата the7stars.