Составувајќи тим од фудбалски херои од Европа, Блискиот Исток и Латинска Америка, финансискиот бренд Mastercard штотуку го постави Гинисовиот рекорд за прв фудбалски натпревар одржан во услови на нулта гравитација на 6.166 метри во воздухот.
Компанијата сакала да ги подготви навивачите за претстојното Светско фудбалско првенство 2022 во Катар со тоа што ќе го однесе спортот таму каде што никогаш досега не бил и ќе учествува во „Фудбалскиот натпревар на најголема височина на параболичен лет“.
Два тима со по четири играчи го одиграле натпреварот на 20 август 2022 година, при што фудбалската легенда Луис Фиго – инаку добитник на Златната топка во 2000 година – исто така бил дел од историскиот лет.
Официјален судија потврди дека Фиго успешно дриблал со топката по фудбалскиот терен поставен во авионот, по што тој истакнал дека искуството од играњето на фудбал на таква височина му го дала истото чувство на „електрична атмосфера“ што спортот го предизвикува ширум култури и националности.
„Фудбалот не е само игра – како најпопуларен спорт во светот, тој е прослава на човечкиот дух, разгорувајќи страст и гордост за милиони секој ден. Ова е историски момент за Mastercard бидејќи ја носиме светската љубов кон спортот до извонредни нови височини“ – истакна Раџа Раџаманар, главен директор за маркетинг и комуникации во Mastercard.