Платежниот бренд Mastercard лансираше нова кампања насловена “Spotlight” („Рефлектор“) со која ги промовира своите специјални картички наменети за луѓето со оштетен вид.
Имено, се работи за платежни картички на допир кои се препознатливи по специфичната вдалбнатина која ја имаат од страна. Па така, кредитните картички се препознатливи по вдлабнатината со квадратна форма, дебитните картички имаат кружна вдлабнатина, додека пак припејд картичките имаат триаголна вдлабнатина.
На овој начин, луѓето со оштетен вид можат лесно да ги распознаваат картичките во нивниот новчаник и со тоа поефективно и побрзо да ги користат при нивните платежни обврски.
Во централниот спот на кампањата со која се промовираат картичките, гледаме жена со оштетен вид која во темнината на својот свет смирено навигира низ своето соседство. Нејзините интеракции со луѓето и предметите се симболички осветлувани со рефлектор во инаку темната сцена. Евентуално, таа стигнува до својата омилена кафетерија, каде успешно плаќа со помош на своите адаптирани Mastercard картички.
Спотот е проследен со соодветна нарација која детално го раскажува секој момент, со цел кампањата да биде разбирлива и за луѓето со оштетен вид.
Mastercard ја завршува рекламата со слоганот: „Бидејќи светот дизајниран за сите нас е бесценет“ (“Because a world designed for all of us is Priceless”).
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата McCann и филмскиот режисер Фредрик Бонд.