Компанијата Match Group, која ги поседува апликациите за запознавање Tinder, Match, OkCupid, Hinge и други, соопшти дека склучила партнерски договор со технолошката компанија OpenAI, која го развива четботот со вештачка интелигенција ChatGPT.
Договорот вклучува 1000 бизнис лиценци за употреба на ChatGPT, кои што тимот на Match Group ќе ги користи како помошно средство во извршувањето на работни задачи поврзани со програмирањето, дизајнот, анализата на податоци и комуникацијата со јавноста.
Со цел заштита на корпоративните податоци, само обучени и лиценцирани работници во Match Group ќе имаат пристап до алатките на OpenAI. Имено, пред да можат да ги користат овие алатки, вработените во Match Group ќе мора да поминат задолжителна обука која се фокусира на способностите на технологијата, нејзините ограничувања, како и одговорната употреба.
Match Group претходно најави дека во 2024 година планира да вложи 20 до 30 милиони долари во иновации поврзани со вештачката интелигенција.