Софтверската компанија за клауд-технологии Salesforce го ангажираше холивудскиот актер Метју Меконахи за да испрати важна порака до сите луѓе и компании на планетата.
Според рекламата која беше емитувана за време на Super Bowl, луѓето и компаниите треба да го насочат своето внимение кон подобрување на планетата Земја, а не да гледаат нанадвор кон вселената и Марс, или да се задлабочуваат во виртуелниот метаверзум.
Спотот е проследен со покана за приклучување кон иницијативата #TeamEarth („Тим Земја“) – платформа на компании и луѓе кои веруваат дека бизнисот е повеќе од профит за малкумина, односно дека бизнисот треба да биде одговорен пред секоја личност и планетата која ја споделуваме.
Рекламата е создадена in-house.