Home » Во фокусот » McCann Белград и Delhaize Србија: ако кампањата е наменета за деца, тогаш е најдобро деца и да ја креираат

McCann Белград и Delhaize Србија: ако кампањата е наменета за деца, тогаш е најдобро деца и да ја креираат

Креативците велат дека супер е кога имате прилика да креирате кампања за супер производ, посебно кога се работи за производ каков што е СуперРучек на компанијата Delhaize Србија. Од неколку причини. Прво, СуперРучек има супер вкус. Второ, од гледна точка на хранливост, СуперРучек е супер оброк. И на крај, но не и најмалку важно, цената му е супер.

Единствено што на СуперРучек му недостигало била супер реклама. Размислувајќи за начинот како најдобро да осмислат кампања за СуперРучек, во агенцијата McCann Белград тргнале од тоа – кому е овај производ наменет, односно целната група, а тоа се најмладите. Децата имаат една супер особина: многу брзо и лесно „провалуваат” кога некој се обидува нешто да им “подметне”. Затоа во McCann одлучиле креирањето на спотот да им го препуштат нив. Заедно пишувале текстови, заедно правеле песни… и еден ден се нашле пред еден ѕид, ги вклучиле камерите, ја појачале музиката и ги пуштиле децата да го прават она што најдобро го прават – а тоа е да бидат креативни.

Така се прави супер реклама. Ја собираш најкреативната екипа и им даваш секому слобода искрено да се изрази. Резултатот е секогаш нешто ново, автентично и уникатно. Накратко, нешто супер.

Во осмислувањето и реализирањето на кампањата на супер најмладата екипа им помогна супер креативниот тим на McCann Белград:

Креативен директор: Јана Савиќ Растовац

Креативци: Милош Пауновиќ, Славица Гускиќ
Акаунти: Славко Марковиќ,Вера Аќимовиќ, Ана Бабиќ
Стратешки планери: Катарина Прибачевиќ, Александар Милојевиќ

Супер видеото можете да го погледнете на:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365