Home » Во фокусот » McCann Белград и Mastercard® во кампања за вистинските супер херои

McCann Белград и Mastercard® во кампања за вистинските супер херои

McCann Белград во соработка со клиентот MasterCard ја креираа кампањата “Заедно за куќа која ја заслужува секој суперхерој”, чија цел е да се соберат средства за изградба на NURDOR родителска куќа.

Избирање на една, вистинска цел зад која би застанале, обично не е лесно, бидејќи има многу теми кои го заслужуваат вниманието и поддршката на компаниите. Сепак, студијата од компанијата Mastercard ,,Стави го на прво место она што ти значи“, која беше спроведена минатата година, потврди дека најчестите иницијативи во кои граѓаните гледаат потреба за поголемо сопствено вклучување, како и поголеми вложувања на компаниите се токму иницијативите во врска со здравството, а тоа го определи и изборот на конечната цел на кампањата.

“Децата кои се борат против ракот се најчувствителната група и нив им е потребна најголема можна поддршка. Тие се вистински суперхерои, а родителската куќа во Белград е проект од национално значење, кој може активно да го поддржи целата заедница и да започне нешто непроценливо”, изјави Јелена Ристиќ, директор на пазарите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во компанијата Mastercard.

“Сите ние како потрошувачи и корисници на MasterCard играме клучна улога во обезбедувањето на уште една родителска куќа како место каде што децата болни на рак за време на нивниот третман, ќе можат да го поминуваат времето со родителите. Затоа, беше важно, но не и толку лесно да се биде експлицитен во потенцирањето на оваа тема и внимателен за тоа обраќање да не биде сурово и жестоко, бидејќи првенствено се однесува на возрасни луѓе, кои природно се дел од решението, а кои се, исто така, по природата на работите многу чувствителни на тема на децата. И покрај тоа што станува збор за многу чувствителна тема, тргнавме главно од човечка потреба и се` што сакавме е децата да не се чувствуваат поинаку од своите врсници – тие и понатаму имаат свои желби и соништа, но моментално ја водат најважната битка и токму заради тоа се суперхерои”, го објаснува стратешкиот пристап на кампањата, Александар Милојевиќ, стратешки планер во агенцијата McCann Белград.

Неговите колеги креативци го делат ова мислење. Уметничкиот директор Милош Опачиќ и сениор дизајнерот Бранко Росиќ велат дека со поставување на детската радост и разиграност во преден план ги прикажуваме децата онакви какви што всушност навистина се. “И тие се деца како и сите други. Со исти желби и фантазии. Само зад нив е тешка борба која можеби тие не ја перцепираат така трагично како возрасните. Ова е всушност нивниот штит и таа детска невиност е “супермоќта која ги прави вистински суперхерои “, објаснува копирајтерот Марко Јовановиќ.

Кампањата “Заедно за куќа која ја заслужува секој суперхерој” не е од оние кампањи кои само ја констатираат ситуацијата и застануваат само на емоционална реакција. “Секогаш треба да имаме во предвид дека се обраќаме кон чувствителна и ранлива група, без разлика дали станува збор за децата или за нивните најблиски. Потребна им е мотивација, сила и поддршка – никако патетика и баналност “, истакнува Лука Личина, дигитален копирајтер.

“Веднаш по соодветната медицинска терапија, докажано е дека од исклучително значење е позитивниот пристап на околината и општеството, како и поддршката и вербата во излекувањето. Затоа е важно да се задржи оптимистички тон. ” Марко додава дека заради тоа сите, интимно и интуитивно ја почувствувале во себе таа граница помеѓу патетиката и баналноста од една страна и мотивацијата и инспирацијата од друга страна, бидејќи “надвор од контекстот на адвертајзингот и ние сме секојдневни конзументи на различни кампањи, па се обидовме да не правиме работи што не би сакале да ги видиме “, заклучува тој.

И затоа, имајте на ум дека со секое безконтактно, мобилно или онлајн плаќање со Mastercard картичките можеме да го поддржиме фондот за изградба на нова NURDOR родителска куќа. Плаќањето со кеш може да почека. Имаме можност сите да станеме дел од повисока и поблагородна цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365