Деновиве, креативниот тим на агенцијата McCann Белград ни покажа преку една вистинска љубовна приказна: нежна и позната, дека совршените парови сепак постојат – во новата кампања лебовите ѝ пееја серенада на нивната сакана паштета Carnex! Нивната вечна заљубеност во паштетата ги инспирираше креативците засекогаш да го сочуваат пламенот на таа љубов преку песната „Na te mislim“ („Мислам на тебе“) од Звонко Богдан.
„Денес постои малку тоа што е толку сакано и единствено, како што е паштетата Carnex на парче леб. Затоа нашиот маркетинг тим ја препозна оваа креативна идеја, надополнета со незаборавна евергрин мелодија, како одличен начин да се пренесе пораката на брендот. Во самиот спот, сите лебчиња на симпатичен начин ги пеат љубовните стихови од познатата песна и фантазираат за нашата паштета. Суштината беше на овој начин да се пренесе најсилната емоција на љубов за оваа единствена и легендарна комбинација која сите ја сакаме со децении“, истакна Маја Симиќ, маркетинг директор на Carnex.
Кампањата на необичен начин ги претстави новите пакувања и вкусовите на паштетата Carnex. Зад идејното решение стојат талентирани членови на тимот на McCann Белград, кои преку една романтична песна сакаа да ја доловат нераскинливата врска помеѓу паштетата Carnex и лебовите кои постојано ја мислат, сонуваат и копнеат по неа.
„Секогаш е инспиративно кога ќе ги погледнеме секојдневните ритуали од поинаков агол. Така, доаѓаме до прашањето: што би се случило кога лебовите би можеле да ни кажат како се чувствуваат за паштетата? Скоро од самиот почеток знаевме дека ја сакаме токму оваа песна – универзална и безвременска, песна за копнежот и љубовта. Таа ни е позната на сите, исто како што сите го препознаваме едноставното уживање – Carnex паштета намачкана на омилениот леб“, посочи Владимир Симиќ, креативен директор во McCann Белград.
„Во еден нов, модерен дух, кампањата за паштетата Carnex ни донесе малку нежност и љубов, како и многу радост за сите нас кои работевме на неа“, ги сподели своите впечатоци Јелена Урошевиќ, Group Account Director во McCann Белград.
„Постојат брендови – икони, парови – икони и мелодии – икони. Кога, во ерата на минливото, се препознае неминливото и на тој начин се искомуницира – ние сигурно имаме победник“, истакна Марија Стошиќ, Senior Strategic Planner во McCann Белград.
Креативен тим:
Марија Стошиќ – Senior Strategic Planner
Владимир Симиќ – Creative Director
Дубравка Петровиќ – Associate Creative Director
Јелена Граховац – Head of art
Јелена Урошевиќ – Group Account Director
Јована Стојановиќ – Account Director
Вања Тошиќ – Account Manager
Небојша Ереш – AV Producer
STOTKA – Production
Марко Ѓилас – Director