Home » Во фокусот » McCann и UM Белград нејефективни агенции во Србија на првото доделување на Еffie наградите

McCann и UM Белград нејефективни агенции во Србија на првото доделување на Еffie наградите

На првото доделување на Effie наградите, најмногу признанија освоија агенциите McCann и UM Белград, кои работат во рамките на I&F McCann Група.

Добитниците на наградите на првиот Effie Awards Фестивал во Србија се прогласени во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград пред околу 150 гости, претставници на маркетинг струката. Два сребрени трофеи и шест бронзени се доделени на на најуспешните компании реализирани во периодот од 1 јули 2015 до 31 декември 2016 година.

Effie оддава признанија на моќни идеи кои се реализирани преку кампањите кои ја оствариле целта, односно постигнале значаен резултат за клиентите и брендовите. Овие признанија се темелат на прецизни и јасни мерила, и се најдобар показател дека вложувањето во маркетинг се исплатува.

Наградени се проектите за: Schweppes и Rosа, The Coca-Cola Company, Raiffeisen банка и Mini Mini Плазма на компанијата Bambi. Покрај наградените, во финале влегоа и две кампањи за The Coca-Cola Company за брендот Fanta, како и за Лав пиво на компанијата Carlsberg.

Во сржта на се што работиме се извонредни и препознатливи идеи кои на нашите клиенти им носат резултати. Горд сум на тимовите во агенција McCann и UM Белград. Оваа година славиме 20 години работење под слоганот Моќта на луѓетои овие награди се за најдобрите луѓе и нашите партнери. Effie наградите го потврдуваат слоганот на Првата Српска огласна агенција, од пред повеќе од еден век, а тоа е Од огласите да има фајде!’,“ изјави Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Група.

Агенцијата McCann Белград освои најмногу признанија и тоа четири.

Effie наградите го потврдуваат влијанието и доприносот на адвертајзингот на  резултатите на брендот или на компанијата – што е од суштинско значење. Дополнително, тоа го потврдува и квалитетот на нашите стратешки и креативни услуги, алатките кои ги користиме во планирањето и аналитиката, како и тимската работа со клиентите. Ова е заеднички успех, што задоволството го прави поголемо,” изјави Оливера Перковиќ,  генерален директор на агенцијата McCann Белград.

Покрај McCann Белград, за успехот на I&F McCann Група допринесе и агенцијата UM Белград која е во збирот на најефективни медиски агенции во Србија

Резултатите од кампањите на нашите клиенти се најдобар показател на нашето големо искуство, знаење и партнерски однос кој го имаме со клиентите. Горда сум  на сите мои колеги кои заедно со нашите партнери ги дефинираат и реализираат победничките кампањи. Најефикасна медиска агенција е она кон што се стремиме во секој момент од нашата работа и затоа ова признание е многу драгоцено,” изјави Билјана Колаковиќ, регионална директорка на агенцијата UM.

Effie наградите се меѓу најпрестижните глобални награди во адвертајзингот. Успехот на I&F McCann Група е продолжение на успехот кој оваа година го освои McCann Worldgroup Europe мражата, која е најефикасна аенциска мрежа во Европа, како и McCann и UM Заграб кои работат во рамките на I&F McCann Група, а кои се прогласени за најефикасна група на агенции во Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365