Регионалниот креативен натпревар BalCannes денес започна со објавување на овогодинешните финалисти, воедно претставувајќи ја и првата кампања-финалист од Македонија! Се работи за кампањата „Б-страна билборди“ на агенцијата McCann Скопје и клиентот Халкбанк АД Скопје.
„Градежната експанзија во центрите на градовите зема сè поголем замав. Граѓаните кои имаа поглед кон планините, сега имаат поглед спрема ѕид. Живеењето во централно градско подрачје повеќе не е опција А. За станбениот кредит на Халкбанк создадовме кампања која ја промовира опцијата Б и придобивките од живеењето во мирно и зелено соседство. Користејќи ги Б-страните на билбордите кои се свртени кон зелените површини, а некои од нив буквално се наоѓаат во гранки. Со незначителна медиумска инвестиција во непосакуваната страна на билбордот, медиумите ја „фатија“ приказната и добивме одлични резултати“ – стои во објаснувањето на агенцијата McCann Скопје за кампањата.
Имено, кампањата добила околу 900.000 прегледи низ различните канали, што е еднакво на 0,0026 евра по преглед. Тоа значи дека оваа кампања, која што можела да чини приближно 27.000 евра, на крајот чинела само 2.500 евра!
Повеќе за кампањата можете да прочитате на следниот линк, или да го погледнете видеото во продолжение: