Една од водечките маркетинг агенции во Македонија и регионот, Меккен Скопје, го проширува својот тим со “суперхерој” кој се одзива на името Акаунт менаџер.
Од кандидатот се очекува:
-Универзитетска диплома (по можност)
-најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
-искуство од работа во агенција е предност
-одлично познавање на англиски јазик (разговор, пишување документи,презентација)
-способност за аналитичко размислување и расудување и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
-одлични преговaрачки и презентациски вештини
-напредно ниво на користење на Microsoft пакет
-подготвеност за тимска и самостојна работа
Одговорности:
-секојдневна комуникација и координација со клиентите
-раководење со проекти и тим
-континуирана комуникација со другите тимови во агенцијата
-јасно поставување рокови и цели за секоја фаза на проектот, одговорност за имплементација и евалуација на сите фази на проектот.
Нудиме можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании како и постојано да напредувате како дел од тим составен од талентирани професионалци.
Ако сте заинтересирани во оваа позиција и ги задоволувате критериумите, ве молиме ни доставете CV најдоцна до 25.07.2016 година на e-mail адреса:hr@ifmccann.com
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои се во потесен избор.