McCann Worldgroup е прогласена за агенциска мрежа на годината на Меѓународниот фестивал на креативноста во Кан – Cannes Lions 2019. Глобалната група на агенции, која освои вкупно 73 лавови за креативните кампањи од сите свои дисциплини и сите региони, прогласена е исто така, и за Healthcare мрежа на годината, каде што McCann Health China е повеќекратно награден како Healthcare агенција на годината.
“Многу сме горди што во Кан оваа година е препознаена нашата креативна работа од многу земји, за многу клиенти, а од различни дисциплини, низ сите платформи и Lions категории”, изјави Харис Дајмонд, претседател и извршен директор на McCann Worldgroup. “Благодарение на инспирираното раководството на [глобалниот креативен претседател] Роб Рајли, нашиот неверојатно разновиден и талентиран креативен тим ја движи нашата работа, како и нашите клиенти напред, со автентични резултати.”
Глобалното признание за McCann мрежата во Кан ја следи веста од пред два месеци дека McCann Worldgroup е прогласена за најкреативна ефикасна агенциска мрежа според глобалниот Effie индекс за 2019 година, а со тоа втора година по ред ја потврдува водечката улога во ефикасноста.
„Ова е фантастичен успех за McCann Worldgroup и горди сме што сме дел од најдобрата мрежа на агенции во светот. За мене лично, овој момент носи дополнителна емотивна вредност со оглед на тоа што точно пред десет години, нашата агенција McCann Скопје го донесе првиот златен лав за McCann и еден од првите лавови во овој дел на Европа, а со тоа го отвори патот за целата креативна индустрија во регионот. Како и сите награди, и овој успех на нашата мрежа поставува нова скала и нè обврзува на нови резултати и награди, а знаејќи ги проектите на кои рабиме оваа година, со нетрпение го очекуваме Кан 2020“ изјави Владимир Димовски, CEO McCann Adriatic.
Покрај титулата Мрежа на годината и Агенција на годината кои ги донесе McCann Health, повеќе компании од групацијата McCann Worldgroup, покрај агенциите McCann, освоија лавови оваа година. Momentum Worldwide во Њујорк и Торонто освои Гранд При во категоријата Industry craft, а лавови освоија и MRM // McCann и Weber Shandwick. Многу од овие лавови се освоени за глобални клиенти на мрежата – вклучувајќи ги Coca-Cola, GSK, L’Oréal, Microsoft/Xbox, Nestlé/Purina и RB – како и за големи регионални огласувачи, како што е Verizon, како и за разни локални клиенти.
“Возбудливо е да се видат толку иновативни кампањи кои доаѓаат од различни агенции со толку различни храбри маркетинг професионалци, вклучувајќи и некои од нашите најголеми глобални клиенти”, изјави Роб Рајли. А тоа што и McCann и McCann Health ја освоија оваа година титулата Мрежа на годината на истиот фестивал, тоа е веќе неверојатно”.
Агенцијата McCann Њујорк, која беше рангирана како втора по ред агенција на годината, освои титаниумски лав и Гранд При во категориите Brand Experience и Activation за својата кампања “Changing the Game” за Мајкрософт, која зборува за адаптивниот Xbox контролер кој ги олеснува игрите за луѓето со физички инвалидитет. McCann Њујорк, исто така, освои Grand Prix for Good за својата кампања „Generation Lockdown“ со „March for Our Lives“, која се однесува на престрелките во училиштата. Покрај McCann Њујорк и Momentum, Гранд При освоија и McCann Health Кина за својата кампања за GSK (Pharma) и McCann Израел за својата кампања за IKEA, која го прави мебелот подостапен за лицата со инвалидитет (Health & Wellness).