McDonald’s ги одбележува сите неверојатни емоционални издигнувања и падови кои ги доживуваат фудбалските фанови за време на Светското фудбалско првенство, порачувајќи им „Со Вас сме“, како дел од глобалната кампања за нивното официјално спонзорство на турнирот.
Осмислена и реализирана од Leo Burnett London, кампањата беше лансирана заедно со стартот на Првенството, на 14 јуни.
Агенцијата разви платформа која се вклопува во опсегот на емоции кои фановите ги доживуваат, позиционирајќи го McDonald’s како поддржувач на навивачите, потврдено од едноставните и практични начини на кои можат да го нарачаат својот омилен оброк. Без разлика дали се работи за McDelivery, 24/7 ресторани, „Драјв-тру“ објекти или локали за појадок, имајќи во предвид дека е секогаш „зад аголот“, кога било и каде било, оброкот на McDonald’s е сигурен.
Спотот кој е дел од кампањата ги прикажува фановите на Светското првенство во различни земји како прославуваа и тагуваат, испреплетено со моменти кои го нагласуваат комфорот кој го нуди McDonald’s. Дел од кампањата се и неколку кратки видеа од 10 секунди кои специфично ги прикажуваат сите поединечни начини на кои McDonald’s „е секогаш тука за фановите на турнирот.“
Покрај спотовите, кампањата вклучува и принт, „out-of-home“ и „point-of-purchase“ материјали со широк опсег на фотографии кои ги покажуваат емоциите на фановите за време на турнирот.
По повод кампањата, Стив Хил, Senior Director на McDonald’s, изјави: „Кампањата кажува дека, што и да се случи на фудбалски план, јадењето е покриено од McDonald’s. Беза разлика дали се работи за појадок пред натпревар, или порачка преку McDelivery ако гледате дома, ние сме секогаш со Вас.“
Credits:
Clients: Steve Hill, Senior Director, Global Brand; John Lewicki, Head of Global Alliances; Victoria Stasevicius, Marketing Manager, Global Sports; Jacqueline Berger, Manager, Global Brand
Chief Creative Officer: Chaka Sobhani
Creatives: James Millers & Andrew Long
Account Management Team: Victoria Reiz, Board Account Director; Steve Halliday, Account Director; Steph Bates, Senior Account Manager; Laura Taylor, Account Executive
Strategy/Planning: Max Kean, Planning Director; Will Moore, Senior Planner
Project Manager/Digital Producer: Timothy Wilks
Graphic Designers: Phil Bosher; Head of Design; Justin Bray, Designer; Ron Morrison, Designer
Agency Producer: Bruce Macrae
Director/ Production Co: Novemba, Academy Films
Producer: Steve Overs
Editor: Stephen Dunne, The Whitehouse
Post Production: Grace Thorpe, MPC
Sound Design: Simon Capes, Soho Square Studios
DoP: Xavier Amoros
Media planning/buying: OMD Global