Брендот за брза храна McDonald’s одлучи да го направи сендвичот со екстра зачинето поховано пилешко, наречен McSpicy, да биде постојан дел од понудата на британскиот и ирскиот пазар, а по тој повод ја лансираше и кампањата “Own Your McSpicy Face” („Прифати го твоето McSpicy лице“).
Рекламата се фокусира на лицата кои луѓето ги прават кога ќе каснат нешто зачинето и луто, а во случајот тое е бургерот McSpicy. Притоа, брендот ги издигнува ваквите гримаси како „ознака на гордост“, повикувајќи ги своите фанови да бидат целосно слободни и да не се воздржуваат од покажување на нивното вистинско „зачинето“ лице – колку и да изгледа тоа смешно.
„Се работи за забавна и хумористична кампања која се базира на брилијантниот увид дека секој прави некакво лице кога јаде нешто зачинето – зошто да не го прославиме тоа и да ја повикаме нацијата да ги прифати нејзините McSpicy лица“ – посочува Томас О’Нил, маркетинг директор на McDonald’s за Обединетото Кралство и Ирска.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett UK и продукциската куќа Somesuch.