Брендот за брза храна McDonald’s ја лансираше својата нова глобална кампања насловена “As Featured In” („Како што е прикажано во“), со која го слави сопственото наследство во историјата на кинематографијата.
Централниот едноминутен спот на кампањата претставува колаж на сцени од популарните телевизиски серии и филмови во кои се споменува брендот за брза храна, вклучувајќи ги меѓу останатите и Friends, Loki, The Office, Coming to America, Fast and Furious и Space Jam.
„Не се само нашите реални фанови кои имаат омилена нарачка… со децении, истото го имаат и нашите омилени филмски и телевизиски ликови. Кампањата “As Featured In Meal” е нашата најголема нарачка досега, која ги слави најнезаборавните референци кон McDonald’s во светот на забавната индустрија“ – вели Морган Флетли, глобален генерален маркетинг директор на компанијата.
Кампањата ќе се реализира во 100 држави ширум светот, а за време на нејзиното траење брендот ќе нуди неколку специјални оброци кои биле споменати во стари и нови филмски наслови.