Брендот за брза храна McDonald’s поднесе тужба против австралиската франшиза на Burger King позната под името Hungry Jack, поради лансирањето на бургерот Big Jack кој наводно бил копија на нивниот Big Mac.
McDonald’s го тужи Hungry Jack за повреда на трговска марка, истакнувајќи во судската документација дека бургерот Big Jack изгледа „суштински идентично или измамнички слично“ на бургерот Big Mac.
McDonald’s е сопственик на трговската марка Big Mac уште од 1973 година и во судскиот процес го обвинува ривалот дека дејствувал со „лоша намера“ вo промоцијата на Big Jack. McDonald’s верува дека Big Jack „е веројатно да предизвика измама или збунетост“ кај потрошувачите поради сличниот состав и име на бургерот.
McDonald’s од Hungry Jack бара надоместок за сторена штета и уништување на целиот промотивен материјал поврзан со бургерот Big Jack.