Во доцните 1980-ти, брендот за брза храна McDonald’s за прв пат го претстави „вонземскиот“ лик наречен „CosMc“ – делумно вонземјанин, делумно робот, суштеството со заоблено тело со екран, копчиња и неколку испружени раце. Ликот тогаш бил искористен во неколку промотивните активности и реклами на брендот, се појавил и во детска видео игра, но потоа паднал во заборав.
Неколку децении подоцна, се чини дека McDonald’s се подготвени да го вратат CosMc како посебен под-бренд со вселенска тематика. Ваквиот концепт бил споделен при презентацијата на резултатите на компанијата за вториот квартал од годината, каде што било објаснето дека CosMc ќе ги следи насоките на главниот McDonald’s бренд, но исто така ќе развие сопствен идентитет.
Според шпекулациите, под-брендот CosMc ќе има сопствено „вселенско“ мени кое ќе се служи во посебни ресторани чиј амбиент ќе биде уреден според некаква вселенска естетика. CosMc ќе биде тестиран на неколку локации кои допрва треба да се објават на почетокот на 2024 година.
Повеќе информации за тоа каде и кога точно ќе биде претставен новиот CosMc се очекуваат во декември, за време на годишниот состанок со инвеститорите на компанијата.
Во меѓувреме, погледнете ја оваа стара реклама од првата инкарнација на CosMc :)