Во нова кампања за бразилскиот пазар, брендот за брза храна McDonald’s го запрашал четботот со вештачка интелигенција ChatGPT кој е „најиконичниот“ бургер во светот.
На поставеното прашања, четботот одговорил дека иако има повеќе добро познати бургери низ светот, Big Mac на McDonald’s е веројатно најпознатиот на глобално ниво. Овој одговор потоа бил искористен за изработка на постери кои биле поставени на разни локации ширум Бразил.
Кампањата била спроведена од агенцијата Galeria.ag.
Меѓутоа, само неколку денови подоцна, нивниот најголем конкурент Burger King се реши да ја искористи истата тактика, но овој пат да ја запраша вештачката интелигенција кој е најголемиот бургер во светот.
Одговорот бил дека најголем бургер во светот според димензии и број на состојки е Whopper на Burger King. Овој одговор бил исто така претворен во постери кои биле поставени веднаш до оние на McDonald’s.
Возвратната кампања на Burger King била реализирана со помош на агенцијата David São Paulo.