Дали империјата конечно го возвраќа ударот?
Во последните години, глобалниот лидер во брзата храна McDonald’s ги издржуваше постојаните напади од своите конкуренти, најчесто од Burger King и Wendy’s, и ретко возвраќаше, преферирајќи да остане над борбата и да ужива во своето прво место во светската индустрија за брза храна.
Меѓутоа, сега во Белгија, McDonald’s се одлучи дека е доста да биде „фината страна“. Кога Burger King неодамна отвори свој локал во центарот на Брисел, соседниот McDonald’s, со помош на агенцијата TBWA од Белгија, постави провокативен знак дека нуди служење на маси, за разлика од Burger King. „Сервирано од крал или сервирано како за крал?“ (“Served by a king, or served as a king?”) прашува рекламата. Златните лакови од логото на McDonald’s, исто така се претворени во круна.
Burger King, многу очекувано, не остана нем на провокацијата и со помош на агенцијата Buzzman постави друга реклама „Зошто се обидувате да „пржите“ кога не знаете ни да запалите скара?“ („Why try to roast when you can’t even flame grill?”).
Дали борбата ќе продолжи? Оставете хамбургери и земете пуканки! :)