Брендот за брза храна McDonald’s го именуваше Јуџин Ли за нов меѓународен генерален маркетинг директор на компанијата.
Тоа значи дека Ли ќе биде задолжен да ги надгледува сите операции на McDonald’s во Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток и Азија, со исклучок на Соединетите Американски Држави (за кои има посебен генерален маркетинг директор).
„Ова беше лудо, но многу возбудливо 14-годишно патешествие со Мекдоналдс… Исклучително сум возбуден и почестен од зголемените одговорности и со нетрпение очекувам да комуницирам со нашите маркетинг тимови од целиот свет!“ – посочи Јуџин Ли во пост на LinkedIn.
Ли се приклучил на McDonald’s во Малезија како виш маркетинг директор во јули 2009 година. Во февруари 2020 година, тој станал регионален директор за маркетинг и мени за цела Азија.