Брендот за брза храна McDonald’s започна нова принт кампања на пазарите во Грузија и Азербејџан, која се заснова на многу едноставна, но ефективна идеја.
Постерите прикажуваат портрети на различни луѓе кои пред себе држат празно пакување за помфрит од McDonald’s, така што полукружниот засек на пакувањето е искористено како асоцијација за насмевка – истовремено покривајќи ја вистинската насмевка на прикажаните лица.
Илустрациите се дополнети со логото на брендот и слоганот “Fries will always bring smiles” („Помфритот секогаш носи насмевки “).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Azerbaijan.