Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања за шпанскиот пазар во која главна тема е љубовта помеѓу едно момче и една девојка вработена во McDonald’s, во услови на глобална пандемија.
Приказната започнува со сцена во која момчето Себас и неговите другари поминуваат покрај драјв-дру на McDonald’s со цел да подигнат нарачка. Тој тогаш ја здогледува Алисија, која заедно со нарачката му доделува и дополнителен бесплатен помфрит. Себас веднаш чувствува конекција.
Момчето продолжува да го посетува McDonald’s секој ден со цел да ја види Алисија, секогаш добивајќи дополнителен помфрит. Кога конечно собира храброст да ја покани Алисија на состанок, тој дознава дека бесплатниот помфрит е всушност дел од промоција на McDonald’s и веднаш почнува да се сомнева дали неговите чувства се возвратени.
Меѓутоа, Алисија му кажува на Себас дека сепак сака тој повторно да наврати, навестувајќи дека и таа има симпатии кон него. Крајот на рекламата остава импресија дека младиот пар евентуално завршуваат заедно.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA/Spain.